Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа немаше сили за пресврт на стартот на квалификациите за Аустралијан Опен

Објавено

на

Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото квалификациско коло за Аустралијан Опен, губејќи го својот дуел со поискусната противничка Катарзина Кава.

Македонската тенисерка одигра борбен меч со полската ривалка, а уште првиот сет најави дека детали ќе одлучуваат кој ќе биде патникот во следната рунда од квалификациите.

По многу брејкови во првиот сет, Ѓорческа го загуби сервисот во дванаесеттиот гејм за 7:5 за противничката, но успеа да израмни откако вториот сет донесе само еден брејк и тоа во корист на нашата најдобра тенисерка.

Третиот сет донесе брз брејк на двете страни, а решавачки беше осмиот гејм, кој Кава го претвори во предноста која не ја испушти на свој сервис за конечни 6:3 и победа од 2:1 по 157 минути борба.

Ѓорческа ќе треба да чека друга шанса за влез на главниот турнир во Мелбурн, а нејзината противничка ќе се соочи со послабо рангираната Патинама Керкове од Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни