Поврзете се со нас

АТП

Ѓорческа ја мина првата пречка во Куршумлиска Бања, Ивановски забележа победа и во игра на двојки

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на ИТФ фјучерсот во Куршумлиска Бања што се игра на земјена подлога за награден фонд до 25.000 долари.

Ѓорческа ја има улогата на трета носителка, а денеска таа славеше над Илона Георгијана Гиорае и тоа откако Романката реши да го предаде мечот во третиот сет. Првиот сет и припадна на Романката со 6-2, но потоа Лина соодветно одговори и со 6-3 израмни на 1-1 за да во ревашниот Македонката поведе со 3-1 по што Илона реши да се повлече, предаде натпреварот.

Тетовката за нареден ривал ја има Јули Струплова од Чешка.

Калин Ивановски пак по триумфот во поединечна конкуренција славеше и во двојки заедно со талентираниот Мили Полјичак. Македонско-хрватската комбинација ги доби Габриел Гомез и Микалај Халијак со 6-2 и 6-1, поточно е обезбедено четвртфинале на турнирот кој исто се игра во Србија во Куршумлиска Бања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни