Поврзете се со нас

Светски првенства

Фудбалер кој стана светски првак со Франција: Аргентинците си го расипаа имиџот

Објавено

на

Франција ќе се обиде да стане прва селекција по многу децении која ја одбранила титулата на едно свeтско првенство, а последниот предизвик е Аргентина во неделното финале.

Адил Рами ја освои титулата пред четири години, а сега за еден француски медиум го коментирал мундијалот во Катар и очекувањата од финалето. Меѓу другото дефанзивецот на Троја има лошо мислење за Аргентинците.

– Не ми се допаѓа овој аргентински тим. Го сакам Меси и се околу него, тој е легенда и еден од најдобрите на сите времиња.

– Но, сликата која ја прикажаа за себе Аргентинците на овој турнир е исполнета со агресија, слабост и отсуство на фер-плеј. Мислам дека не оставија добар впечаток.

– Не сакам да истакнувам играчи, но погледнете што правеше Паредес. Некој ќе каже дека јас сум од Марсеј и затоа критикувам играч поврзан со ПСЖ, но тоа не е поврзано, неговите потези беа лоши за имиџот на Аргентина, -вели Рами.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни