Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари ја отвори сезоната со еден-два победа, Ред Бул му испорача подарок на Мерцедес

Објавено

на

credit: @Scuderia Ferrari Press Office

Шарл Леклер и Карлос Саинц донесоа голема еден-два победа за Ферари на отворањето на новата Формула 1 сезона и ги израдуваа фановите со одличната трка на патеката во Бахреин.

Најголем губитник на премиерата беше Ред Бул, откако Макс Ферстапен и Серхио Перез останаа без пласман, поради технички проблеми со болидите во самата завршница на трката.

Леклер го имаше водството од почеток до крај, успевајќи да ги неутрализира обидите на Макс Ферстапен да го претекне по излегувањето од боксот. Во завршницата Ферстапен ја загуби моќта на погонската единица и мораше да ја заврши трката во гаражата на Ред Бул, за неколку круга подоцна и Серхио Перез да ја заврши трката среде патека и без можност да се рехабилитира.

Ваквиот епилог значеше дека Луис Хамилтон стигна до победничкиот подиум, иако на патеката не можеше да им парира на Ферари и Ред Бул, а солидниот резултат на Мерцедес го надополни и Џорџ Расел со четвртото место.

Кевин Магнусен со болидот на Хас го освои петтото место, обезбедувајќи го најдобриот резултат во историјата на овој тим, а веднаш зад него се најде Валтери Ботас со Алфа Ромео.

До десеттото место се најдоа уште и Окон, Цунода, Алонсо и дебитантот Жу кој го заокружи одличниот настап за Алфа Ромео.

Победникот Леклер освои дополнителен бод бидејќи го извозе најбрзиот круг на денешната трка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни