Поврзете се со нас

Светски првенства

Фабрегас за потегот на Меси кој предизвика бура во Мексико: Сите го правиме ова (Видео)

Објавено

на

Канело Алварес му се закани на Лионел Меси и му препорача дека подобро е никогаш да не се најдат во близина, откако на социјалните мрежи почна да кружи видео во кое аргентинскиот капитен турка со нога дрес на Мексико.

Познатиот боксер го сфати ова како понижување и омаловажување на цела нација и директно му се закани на Меси, а бидејќи станува збор за важен спортист, брзо пристигнаа реакции од сите страни.

Кун Агуеро беше првиот кој застана во одбрана на својот сонародник и му порача на Алварес дека донел погрешен заклучок од цело видео, но со свој став се јави и Сеск Фабрегас.

– Ниту ја познаваш личноста, ниту сфаќаш како функционира ова во една соблекувална после натпревари.

– Сите дресови завршуваат на под, дури и тие кои ги користиме ние, а потоа одат на перење. Уште повеќе кога се слави важна победа, – порачува Фабрегас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни