Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер немоќен против фаворизираниот ПСЖ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да приредат изненадување во Битола и забележаа пораз во дуелот со фаворизираниот ПСЖ (25:31) во натпревар од Лигата на шампионите.

И покрај амбициозноста на домаќинот, ПСЖ уште од почетокот ја покажа разликата во квалитет и набрзина дојде до резултат 1:5. Во продолжение од првиот дел таа предност порасна и до седум гола, а на паузата се замина со резултат 9:15.

Второто полувреме се одвиваше по слично сценарио, ПСЖ стигнуваше и до девет гола позитива, за на крајот македонскиот претставник барем да се избори за нерешен резултат во вторите триесет минути и конечни 25:31.

Шипшак со 7 и Соле со 5 гола беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај Еурофарм Пелистер дури пет играчи постигнаа по 3 гола.

За битолчани ова е единаесетти пораз на исто толку натпревари во ЛШ, додека ПСЖ стигна до шеста победа и привремено е на второто место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни