Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го скрши отпорот на Бутел во финишот, Симиќ доминираше во триумфот на Тиквеш

Објавено

на

Еурофарм Пелистер се мачеше на гостувањето кај Бутел, но успеа да стигне до победата (21:23) во финишот на дуелот одигран денеска во Скопје.

Домашниот состав на полувреме водеше 12:10, два пати имаше плус три, последен пат со резултат 17:14, но Еурофарм Пелистер не се откажа од важните бодови и во завршницата го скрши отпорот на Бутел.

Периќ со 7 и Табоада со 5 погодоци биле најефикасни во битолскиот состав, додека кај Бутел, Мојсоски реализирал 5 гола.

Вториот тим на Еурофарм ја совлада Струга со 32:26, а репрезентативнот крило Кузманоски бил најефикасен со 7 гола во победничкиот тим.

Во Кавадарци, Тиквеш рутински го совлада Скопје со 31:24, а Симиќ постигнал дури 11 погодоци во мрежата на гостинскиот тим. Тинекс Пролет без проблеми го совлада Радовиш (30:23), а Палевски бил најдобар реализатор во домашниот тим со 8 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни