Поврзете се со нас

Европски првенства

Докторот на данската репрезентација за тоа што случи на „Паркен“: Го вративме Ериксен…

Објавено

на

Колабирањето на Кристијан Ериксен за време на дуелот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, беше голем шок не само за неговите најблиски, туку и за целата фудбалска јавност, која со внимание ги следеше случувањата во Копенхаген.

За среќа, лекарскиот тим успеа да ги врати виталните функции на фудбалерот, па Ериксен сега заздравува додека во болницата ќе се обидат да ја утврдат причината за она што му се случи на дуелот со Финска.

Главниот доктор на данската репрезентација, Мортен Боесен, признава дека во еден момент Ериксен бил во критична состојба.

– Кога бевме повикани да влеземе на теренот јас не го видов падот на Ериксен, но оддалеку беше јасно дека не е свесен.

– Штом пристигнавме утврдивме дека дише и можев да го почувствувам пулсот, но тоа се промени за кратко време. Потоа започнавме со специјалниот протокол за реанимација и масажа на срцето.

– Набрзо пристигна и медицинскиот тим од стадионот и со нивна помош го направивме она што треба да се прави во вакви моменти. За среќа го вративме Кристијан, – изјавил Боесен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни