Поврзете се со нас

Германија

Дејвис чека повик од Реал, Баерн е фрустриран од однесувањето на бекот

Објавено

на

Алфонсо Дејвис прерасна во еден од најквалитетните фудбалери на својата позиција, па и не е изненадување што ситуацијата со неговиот договор ја следат голем број клубови.

„Марка“ објави дека канадскиот интернационалец го исфрустрирал раководството на Баерн Минхен, поради одбивањето да се изјасни за предложениот нов договор во период кога е најсоодветно за такво нешто.

Истиот извор тврди дека Дејвис посакува да заврши во Реал Мадрид и трпеливо ќе чека повик од шпанската престолнина, па затоа и не сака да се обврзе кон Баерн подолго од 2025 година.

Следното лето Дејвис може да биде достапен за многу пониска сума бидејќи ќе влезе во последната година од договорот, а нему нема да му биде проблем да почека уште една сезона за трансферот од соништата.

На позицијата лев бек Реал го има Менди кој често е повреден, па затоа и раководството ќе мора да инвестира наредниот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни