Поврзете се со нас

Светски првенства

Де Лихт со невообичаена изјава: Не добивам минутажа, но не ни очекував такво нешто

Објавено

на

Холандија веќе избори место во четвртфиналето, а Матијс де Лихт и натаму не е во прв план кај селекторот Луи ван Гал.

Дефанзивецот на Баерн Минхен остана во втор план на овој мундијал, но самиот тврди дека е задоволен и не очекувал да биде поинаку.

– Искрено, не е толку големо разочарување да бидеш резерва. Секој сака да игра, но во ростерот има 26 фудбалери.

– Дури јас одиграв и повеќе од што очекував на ова Светско првенство, мислев дека воопшто нема да заиграм.

– Немам физички проблеми, причината е стилот на игра, селекторот не ме гледа во првиот тим и јас го прифаќам тоа. Јас продолжувам да тренирам напорно, – изјавил Де Лихт.

Дефанзивецот не доби ниту минута на дуелите со Катар и Еквадор, а влезе само во судиското надополнување на дуелот со САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни