Поврзете се со нас

Македонија

Чупиќ останува во Вардар, „црвено-црните“ договорија и бек од Металург

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометен состав Вардар полека почнува да ја гради екипата за новата сезона, а за тоа говорат потезите кои ги повлече се уште актуелниот европски шампион.

Имено искусното хрватско крило, Иван Чупиќ ќе остане во таборот на „црвено-црните“ и во следната сезона, сезона во која тренерот Стевче Алушовски ќе може да смета и на десниот бек Томислав Јагуриноски.

Ова се последните информации кои доаѓаат од „Јане Сандански“ и се однесуваат на Вардар кој се очекува да биде моќен, конкурентен и по заминувањето на Сергеј Самсоненко, поточно доаѓањето на старо-новиот спонзор Михајло Михајловски. Чупиќ од 2016 година е во Скопје, односно беше дел од тимот кој ги бележеше најголемите успеси, многу титули меѓу кои и две во ЛШ.

Јагуриноски пак ќе треба да ја покрие десната бековска позиција која остана испразнета по заминувањето на Криштопанс и Толедо. Тој во новата средина доаѓа од Металург.

Томи е второ засилување за Вардар по рускиот интернационалец Дмитри Санталов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни