Поврзете се со нас

Шпанија

Чудна ситуација: Мајорка и Барселона играа без публика, но навивач со аргентински дрес влета на теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

Вечерашниот меч меѓу Мајорка и Барселона во Примера мина во знакот на фаворитот кој славеше со убедливи 4-0 со погодоците на Видал, Брајтвајт, Алба и Меси.

Меси се врати со „хет-трик“, Барселона фуриозна против Мајорка (ВИДЕО)

Меѓутоа овој натпревар донесе и една чудна, може да се каже и неверојатна ситуација затоа што во еден момент дуелот мораше да биде прекинат затоа што на теренот влета навивач.

Ова секако немаше да биде вест ако натпреварот се играше во нормално услови со публика, меѓутоа знаејќи дека се играше под строги протоколи и без навивачи навистина е интересно како овој фан со аргентински дрес успеа да се најде на зелениот тепих.

Тој направи селфи со Алба, сакаше да се слика и со Меси, меѓутоа реагираше обезбедувањето и го изнесе од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни