Поврзете се со нас

Шпанија

Меси се врати со „хет-трик“, Барселона фуриозна против Мајорка (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Барселона на фантастичен начин им се вратија на обврските во Примера и тоа со победа на гостувањето кај Мајорка со 4-0.

Во првиот меч по 7 март каталонците одиграа квалитетно, ги искористија шансите и барем до утре ќе имаат пет бода предност во однос на второпласирнаиот Реал Мадрид кого го очекува битка со Еибар.

Главниот збор го имаше капитенот Меси кој забележa „хет-трик“, поточно имаше две асистенции и еден погодок со кој стави точка на трите бода. Резултатот го отвори Видал во втората минута со удар со глава, додека пак во 37 првиот погодок во дресот на Барселона го даде Брајтвајт.

Токму за тој погодок асистент беше Меси како и на оној во 80 минута кога испрати прецизна топка до Алба која овој ја смести во мрежата на Реина.

Ова за актуелниот шпански првак беше 19 сезонски триумф, 61 освоен бод. Во следната рунда го дочекува Леганес на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни