Карате
Четири членови на „Макпетрол“ викендов ќе се натпреваруваат во Светската карате лига
Најсилниот карате-турнир, Светската карате-лига, од 18 до 20 февруари ќе се одржува во Фуџаирах, каде што денеска отпатуваа и четири претставници на скопскиот клуб „Макпетрол“. Градот во Обединетите Арапски Емирати на едно место ќе ги собере најелитните карате-имиња кои што ќе се борат за признанија во рамки на Премиер карате-лигата.
На турнирот ќе учествуваат најдобро рангираните 342 каратисти од 55 држави од светот, а боите на Македонија ќе ги бранат: Петар Заборски (категорија под 75 килограми), Петар Спасеновски (-84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.) и Ангела Мојсовска (-68 кг.).
– Ова ќе биде прв турнир во 2022 година од најелитното карате натпреварување во лига-системот во организација на WKF (Светската карате федерација). Главен услов за учество е да сте вброени во топ-50 каратисти на глобалната ранг-листа, поради што и ние имаме привилегија да настапиме на овој силен турнир – изјави Петар Заборски, натпреварувач и тренер на КК „Макпетрол“.
Во тимот на скопскиот клуб, Симона Заборска е најискусна. Во досегашната спортска кариера таа има остварено високи пласмани од учествата во светските премиер-лиги. Заборска истакна дека ова е почеток на сезоната, но таа ќе се обиде да оствари добри резултати, првенствено за да го поправи бодовното салдо на светската рејтинг-листа, и да се наметне како квалитетна спортистка за да може да учествува на најелитните натпревари во текот на целата година.
Петар Спасеновски, кој ќе настапи во полутешка категорија, изјави дека е одлично подготвен. Негова цел, во најмала рака, е да го постигне или повтори успехот кога во 2020 година во Дубаи, се бореше за бронзен медал. Ангела Мојсовска, нашата најдобро рангирана каратистка на глобалната ранг-листа, ќе учествува во полутешка категорија. Нејзината намера е да се претстави во најдобро светло на почетокот на сезоната.
На првенството ќе учествуваат најдобрите сениорски имиња во машка и во женска конкуренција во секоја тежинска категорија. За ова натпреварување е карактеристично што од годинава се воведени нови правила за пријавување и настап. Ограничен е бројот на учесници и наместо досегашните 64, сега ќе има 32 каратисти во секоја категорија. Сите тие ќе бидат поделени во осум групи по четири спортисти, додека во елиминацискиот дел секој ќе има по три задолжителни борби. Потоа ќе следат четвртфинале, полуфинале и финале.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства18 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор