Поврзете се со нас

Македонија

Чаир ја продолжи победничката серија, Охрид го изненади Еуро Никел

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Кошаркарите на Чаир 2030 ја продолжија победничката серија во најсилниот домашен шампионат, односно нивна нова жртва е составот на Гостивар со 89:78.

Ова за скопскиот клуб беше четврти триумф во низа со кој дојде до 31 бод со што се израмни на табелата со лидерот МЗТ Скопје. Комплетната петорка на домаќините беше двоцифрена, најефикасен беше Какруки со 20 поени на кои додаде 5 скокови.

На другата страна залудни беа 36 кошеви на Вилијамс.

Охрид пак направи големо изненадување и го совлада Еуро Никел со 77:71. Домашните играчи одиграа борбен, квалитетен меч низ сите 40 минути и остварија голема победа во борбата за опстанок.

Димовски со 19 поени беше прв стрелец, најголема поддршка имаше од американското трио, Бровер со 15, Андерсон и Лајонс со по 14 поени. Дубински со 19 се истакна кај кавадарчани.

На првата денешна средба Вардар беше поразен од Кожув со 92:78.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни