Поврзете се со нас

НБА

Букер: Не успеавме да дојдеме до целта, но ги поставивме темелите на нашиот тим

Објавено

на

Феникс Санс не успеа да ја мине последната пречка на патот до НБА титулата и ќе мора да чека некоја друга шанса да го донесе пехарот во Аризона.

„Сонцата“ водеа со 2-0 во серијата против Милвоки Бакс, но тука застанаа или поточно противникот најде решение за нив и со четири триумфи во низа се искачи на врвот во најсилната лига на светот.

Секако големо беше разочарувањето во таборот на Феникс, меѓутоа во исто време тие веруваат дека ова ќе им биде добра школа, искуство и во наредната кампања ќе се вратат уште посилни.

-Таков е нашиот тим. Така се вика нашиот тим цела сезона. Ние сме емотивна група, се бориме напорно, тренираме напорно, многу се забавуваме и си веруваме едни на други, се сакаме и зборуваме за тоа цело време. Имавме заедничка цел да му ја донесеме титулата на Феникс и тешко ние што не успеавме.

-Научивме многу само затоа што го имавме ова искуство. За многумина од нас ова беше прв плејоф, а камоли финале. Ама беше одлично искуство. Ние ги поставивме темелите на нашиот тим и сите знаеме дека имаме многу да работиме и тоа го разбираме. Ние ќе ја прифатиме оваа болка и ќе продолжиме да се подобруваме, порача Девин Букер за кого нема одмор затоа што сега го очекува настап со САД на ЛОИ во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни