Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Бранителот на титулата О’Саливен отвори со сигурна победа во „Крусибл“

Објавено

на

Рони О’Саливен во свој стил најави дека воопшто не се оптеретува со тоа дали повторно ќе триумфира на Светското првенство во Шефилд, а денеска веќе ја оствари првата победа на најпрестижниот турнир на снукер сцената.

Дуелите во „Крусибл“ се играат со присуство на ограничен број публика, а англискиот маестро го совлада Марк Џојс со убедливи 10:4.

Бранителот на титулата од минатата година ја заврши првата сесија со водство од 6:3, плус три имаше и по воведните два фрејма во вечерната сесија, за четирите освоени фрејмови по ред да му ја донесат победата над Џојс, кој дебитираше на овој турнир.

Снукер светското првенство е прв настан на британска територија на кој е дозволено враќање на публиката, а во арената во Шефилд е дозволено присуство на 213 фанови на оваа игра. Организаторите се надеваат дека до финалето, односно до 2. мај, ќе добијат зелено светло и за целосно исполнување на „Крусибл“.

О’Саливен ќе се обиде да го израмни рекордот на Стивен Хендри кој има најмногу, седум титули на Светското првенство, а во осминафиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Волден и МекГил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни