Поврзете се со нас

Светски првенства

Богдановиќ по големата победа на Србија: Ги посакувам Американците во финале

Објавено

на

foto:www.fiba.basketball/basketballworldcup/2023

Богдан Богдановиќ уште еднаш беше вистински лидер на српската кошаркарска репрезентација на Светското првенство, а Србите заслужено ја победија Канада и се пласираа во финалето на мундијалот.

Капитенот на селекцијата на нашиот северен сосед истакнал дека во финалето би сакал да се соочи со Американците, кои денеска ќе го играат второто полуфинале против Германија.

– Би сакал да играме против Америка, за да ги измериме силите.

– Загубивме неколку пати од нив досега, но би сакал да играме против и поради другите играчи, подобро е кога играш против таква репрезентација во финале, – истакнал Богдановиќ.

Србија ја победи Канада со 95:86, а второто полуфинале се игра од 14:40 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни