Поврзете се со нас

Англија

„Биковите“ со порака по понудата од 77 милиони фунти: Тој ќе остане со нас и наредната сезона

Објавено

на

Веќе сме во самата завршница на периодот наметен за реализација на трансфери, а токму еден таков тимот на Челси се обидува да договори во последен момент, односно да ги обезбеди услугите на Јошко Гвардиола, ама дури за наредната сезона.

Имено низ медиумите се појавија информации дека „сините“ испратиле понуда вредна 77 милиони фунти, понуда со која Хрватот ќе може да остане во сегашната средина до наредната година кога би слетал на „Стемфорд Бриџ“.

Токму оваа вест беше доволна за извршниот директорт на РБ Лајпциг, Оливер Минцлаф да се огласи во јавноста и да посочи каква е реалната ситуација со играчот кој има 20 години, а веќе привлекува големо внимание.

-Јошко е одличен играч кој сигурно ќе предизвика голем интерес – тој се уште има договор со нас до 2026. Претпоставуваме дека нема да игра со нас само оваа, туку и наредната сезона, -порача Минцлаф за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни