Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бенфика го расипала вградениот систем, ќе го пречека Јувентус без системот за следење на гол-линиите

Објавено

на

Бенфика и Јувентус вечерва се среќаваат во натпревар од Лигата на шампионите, кој може да биде решавачки за двете екипи, посебно за гостите кои мора да победат ако сакаат да останат во игра за нокаут фазата.

Португалците направија пресврт во Торино и освоија три важни бода на првото соочување, а вечерва во Лисабон судиите нема да можат да сметаат на технологијата за следење на гол линиите.

УЕФА потврди дека Бенфика правела зафати на стадионот без да ги информира европската централа и компанијата задолжена за технологијата, па на тој начин го направила системот нефункционален.

Европската фудбалска федерација потврди дека нема време да се инсталира нов систем до почетокот на средбата, па затоа судиите нема да ја користат оваа технологија.

Главен судија е српскиот арбитар Срѓан Јовановиќ, а натпреварот започнува од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни