Поврзете се со нас

Свет

Баварците го собраа и последниот трофеј: Баерн е нов светски клупски шампион (ВИДЕО)

Објавено

на

Германскиот гигант Баерн Минхен го победи Тигрес со 1-0 и стана нов светски клупски шампион.

„Баварците“ важеа за огромни фаворити на финалната средба во Катар, статус кој го потврдија со триумфот со што ја комплетираа колекцијата на трофеи, шест од шест за една година. На бундеслигашот му беше поништен погодок во првиот дел, но во второто полувреме Павар се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на мексиканскиот претставник.

Баерн освен овој пехар во изминативе месеци ја освоија тројната круна славејќи во шампионатот, Купот и Лигата на шампионите, а потоа пак триумфираа во Супер Купот на Германија и Супер Купот на Европа.

Инаку третото место на овој турнир го освои Ал Ахли кој на пенали беше подобар од Палмеирас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни