Поврзете се со нас

Шпанија

Бартомеу даде прецизен одговор за трансферите на Нејмар и Лаутаро во Барселона

Објавено

на

Првиот човек на шпанскиот великан Барселона, Хосеп Марија Бартомеу даде директен, искрен одговор за тоа дали клубот во овој преоден рок ќе може да дојде до потписот на јужноамериканците Нејмар и Лаутаро Мартинез.

Бразиелцот и Аргентинецот се играчи за кој медиумите пишуваат долго време, играчи кои би требало да го освежат нападот и претставуваат соодветни алтернативи за Луис Суарез и Лионел Меси, играчи кои би требало да бидат нивни наследници, но како што стојат работите Барселона во овој момент не може да си ги дозволи.

-Барса разговараше со Интер за Лаутаро во последните неколку недели, но разговорите беа ставени во мирување со меѓусебна согласност. Тековната состојба не дозволува големи трошоци за трансфер.

-Нема да се обидеме да го ангажираме Нејмар ова лето. Ние дадовме се од себе минатата година, сега нема да се обидуваме повторно, -порача Бартомеу преку „Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни