Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона нема да одбие поволна понуда за Араухо

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роналд Араухо преговара со Барселона за продолжување на договорот, но каталонските медиуми тврдат дека шпанскиот клуб е отворен и за негова продажба.

Уругваецот е интересен за неколку европски ривали, вклучувајќи ги Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, а Барса ќе мора да продава во летниот преоден рок поради актуелната финансиска ситуација.

И покрај квалитетите на Араухо, црвениот картон кој го заработи на дуелот со ПСЖ и со кој го најави поразот и елиминацијата во ЛШ ги зголеми шпекулациите, дека неговиот актуелен клуб нема да има проблем да се откаже од услугите на дефанзивецот.

Барселона очекува сериозна сума и заработка од евентуалната продажба на Араухо, а во прв план во одбраната во наредниот период ќе биде талентираниот Пау Кубарси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни