Поврзете се со нас

Свет

Барселона го доби потписот на Пара, сега мерка две НБА засилувања

Објавено

на

foto:www.merchanendirecto.es/

Барселона ќе добие сосема нов лик, нова екипа која како што е познато ќе ја предводи Рожер Гримау кој ќе го заземе местото на Шарунас Јасикевичиус.

Доста играчи си заминуваат од „Палау Блауграна“ меѓу кои и главната ѕвезда Никола Миротиќ или поточно почнува нов проект во кој прво засилување е 23-годишниот шпански репрезентативец Жоел Пара. Крилниот центар имаше квалитетни настапи во дресот на Хувентус, партии кои беа доволни за Барса да ја активира неговата клаузула и го ангажира до 30 јуни 2027 година.

Тој треба само успешно да ги мине медицинските тестови што не би требало да биде проблем по што официјално ќе го засили шпанскиот првак.

Барса во исто време има доставено понуда до Вили Ернангомез кој до 2016 година настапува во НБА лигата. Правата за него ги има Реал Мадрид кој до 12 јули има можност да ја изедначи понудата, меѓутоа информациите кои доаѓаа од Пиринеите велат дека тоа нема да се случи, поточно дека центарот има големи шанси да слета во Каталонија.

Наводно и неговиот брат Хуанчо е на добар пат да се пресели во истата екипа, уште еден играч со значајно НБА искуство што значи дека Барса за брзо време може да добие три квалитетни имиња, сериозни опции за тренерот Гримау.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни