Поврзете се со нас

Германија

Бабел: Баерн се мачи, а го има најдобриот состав во својата историја

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Поранешниот германски репрезентативец, Маркус Бабел, јавно ги критикувал ѕвездите на Баерн Минхен за променлива и неубедлива сезона во Бундеслигата.

Баварците се прв фаворит за трофејот, но повеќе негативни резултати ги разбудија ривалите кои сега се поопасна закана на табелата.

Бабел смета дека Баерн располага со најдобар состав во својата историја и не му е јасно зошто избраниците на Нагелсман се мачат со помалку квалитетните ривали.

– Тешко ми е да разберам, бидејќи Баерн има неверојатен состав, но најчесто фудбалерите не го даваат максимумот на теренот.

– Со ростерот со кој располага Баерн треба да се прошета низ лигата, па затоа и го разбирам тренерот што често е лут и нервозен по одредени натпревари.

– Тие мора да одат на освојување на сите трофеи за кои се борат, не се сложувам дека Реал Мадрид и Манчестер Сити имаат поквалитетен тим. Според мене, овој Баерн играчки е посилен и од трофејните генерации од 2020 и 2013 година, – вели Бабел кој и самиот настапуваше за Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни