Евролига
Атаман збесна поради една судиска одлука, Јанакопулос повторно ја „поздрави“ Евролигата (Видео)

Панатинаикос вчера загуби на домашен терен од Макаби во драматичен натпревар од кошаркарската Евролига, а домаќините не го кријат незадоволството од работата на судиската тројка на дуелот во Атина.
Тренерот Ергин Атаман рано доби втора техничка грешка и исклучување, а причина беше неговата жестока реакција кон судијата Роберт Лотермозер, откако тој и неговиот колега решија дека еден прекршок на гостите нема да биде преквалификуван како неспортски.
Ergin Ataman’s ejection from up close 🧐pic.twitter.com/YrPr8tkbaG
— BasketNews (@BasketNews_com) October 20, 2023
Турскиот стручњак ги загуби нервите и беше испратен во соблекувална, а по поразот на ПАО реагираше и контроверзниот сопственик Димитрис Јанакопулос. Тој и досега често добиваше казни поради критиките на адреса на Евролигата, но тоа не го спречи да испрати порака преку социјалните мрежи.
– Не ги почитувате нашите шест титули, нашиот бренд, не ја почитувате нашата фамилија која 30 години вложува во кошарката, не го почитувате најдобриот тренер во Европа. И на крајот на краиштата, не ги почитувате нашите навивачи, на која основа сметате дека ние треба да ве почитуваме вас? – напишал Јанакопулос.
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…