Поврзете се со нас

Лига на нации

Ангеловски селектираше за дуелите против Ерменија и Грузија во Лигата на нации

Објавено

на

Селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за премиерните мечеви против Ерменија и Грузија во новото издание на Лигата на нации.

Тие средби се играат на почетокот на следниот месец, поточно на 5 и 8 септември, дуели за кои Ангеловски селектираше добро проверени сили. Во групата на повикани играчи не се Тимохир Костадинов поради повреда и Ферхан Хасани заради „КОВИД” ограничувањата во Финска, додека пак се уште не е јасна ситуацијата со Даниел Аврамовски кој има пријавено повреда, но ќе допатува во Скопје каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на медицински тим на нашата репрезентација.

СПИСОК НА ИГРАЧИ:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар);

ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Тирана, Албанија);

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);

-Овие фудбалери на македонската репрезентација веќе подолг период остваруваат одлични резултати, трето место во квалификациите за ЕП, прво место во групата од Лига на Нации, пласман во бараж за Европско првенство и очекувам согласно нивниот квалитет да продолжиме со позитивни игри и резултати, а се со цел да ги израдуваме нашите верни навивачи кои ќе ни недостасуваат на овие натпревари. Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на Нации, покрај резултатскиот императив ни се добредојдени и за последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8. октомври, -порача Ангеловски.

Националниот тим првиот собир ќе го има 31. август (понеделник) во 12:00 часот во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни