Поврзете се со нас

ВТА

Андреева за твитот на Мари по големиот пресврт: Ќе го испечатам и ќе го ставам во рамка

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Мира Андреева повторно го предизвика вниманието на тениските фанови, правејќи голем пресврт на својот меч на Аустралијан Опен.

Руската тинејџерка беше во загубена позиција, имаше негатива од 5:1 во третиот сет, во седмиот гејм спаси меч топка, за потоа да се врати во дуелот, да избори тај-брејк и во него да стигне до победата против француската ривалка Диан Пари.

По мечот, 16-годишната тенисерка била импресионирана и поради фактот што Енди Мари твитнал за нејзината ментална сила, односно можноста да се врати од толку тешка ситуација.

– Андреева губи 5:1 во третиот сет, а коментаторот вели „можеби Андреева треба да поработи на менталитетот, престрога е кон себе кога губи“.

– 30 минути подоцна, Андреева го доби сетот со 7:6. Можеби причината за ваквиот пресврт е токму нејзината ментална сила, можеби причината за да направи вакво нешто е што е престрога кон себе и бара повеќе кога не и оди на теренот, – твитнал Мари.

Андреева на прес-конференцијата не криела дека е воодушевена од зборовите на својот идол.

– Не очекував ни дека би гледал мој меч, а тој решил и да коментира. Искрено, мора да го испечатам она што го има пишано, ќе го ставам во рамка и ќе го носам со себе секаде, – рекла Андреева.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни