Поврзете се со нас

Италија

Агентите на Ди Марија потврдија, Аргентинецот пред промоција во новиот клуб

Објавено

на

Анхел Ди Марија одолговлекуваше со својата конечна одлука за изборот за следен клуб, но денеска стана јасно чиј дрес ќе носи во новата сезона.

Аргентинецот решил да ја прифати понудата на Јувентус, кој одамна чекаше конечен одговор од популарниот „Фидео“, а останува да бидат прецизирани уште неколку детали од договорот.

– Работиме на конечните детали и чекаме Јувентус да даде зелено светло за одредени услови, – изјавиле од менаџерскиот тим на Ди Марија за „Ла Стампа“.

Пристигнувањето на Ди Марија во Торино е потврдено и од најдобро информираните италијански новинари, па прашање на време е кога клубот ќе го потврди големото засилување.

Ди Марија доаѓа од редовите на ПСЖ, а во Јувентус ќе заработува најмалку 7 милиони евра годишно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни