Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров беше најдобар против европскиот шампион, Нант испушти победа во завршницата

Објавено

на

Нант дефинитивно ќе има за што да жали на денешниот натпревар против Кил во Лигата на шампионите, бидејќи натпреварот кој го контролираше во најголем дел од 60-те минути, на крајот го испушти од раце и освои само бод на домашен терен.

Францускиот претставник одигра фантастично во поглед на одбрана и прими само 9 гола во првото полувреме, па откако сосема заслужено замина на пауза со 12:9, во ист ритам продолжи и во вториот дел.

Нант во најголем дел од продолжението одржуваше преднсот од плус три гола на семафорот, но потоа одненадеш падна концентрацијата и во завршните минути од средбата му дозволи на германскиот тим да се врати, а и да израмни со својот последен напад.

При резултат 24:24, Нант доби нова шанса за победа со последен напад, но додавањето од Лазаров не го прифати еден од неговите соиграчи и на крајот тимовите ги поделија бодовите.

Македонскиот капитен и селектор со пет постигнати погодоци беше најдобар голгетер на паркетот, Пешмалбек имаше еден помалку во редовите на Нант, додека кај европскиот првак Кил најефикасен беше Ехриг со четири реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни