Поврзете се со нас

Македонија

Звучно име во Автокоманда: Металург се засили со бразилски репрезентативец

Објавено

на

Ракометната конкуренција во Македонија ќе биде и тоа како поголема наредната натпреварувачка сезона, бидејќи покрај Вардар кој доби нов сопственик, силни амбиции покажуваат и Еурофарм Пелистер и Металург кои со своите потези на трансфер сцената најавуваат жестоката битка за титулата.

Клубот од Автокоманда денеска продолжи со збогатување на ростерот со искусни ракометари кои можат да направат разлика во клучни моменти, а таков секако е бразилскиот репрезентативец, Енрике Тешеира. Средниот бек кој има 31-година потпиша 12-месечен договор со Металург.

– Тешеира игра на позиција среден бек, а потекнува од бразилскиот клуб Маринга. Во Бразил играше уште за најуспешниот бразилски клуб Таубате, пред да се пресели во Шпанија, каде настапуваше за екипите на Гранољерс и на Хуеска. Во 2018 година се сели во Романија, каде ги брани боите на ЦСМ Букурешт, од каде и доаѓа во Металург.

– Тешеира за бразилската репрезентација одигра 120 натпревари и постигна 178 голови. Беше дел од репрезентацијата на последното СП во 2019 година во Германија и во Данска. На Пан-Американските игри во 2018 година е прогласен за најдобар играч, – гласи објавата на клубот.

Бразилецот е четврто засилување за Металург за наредната сезона во овој краток период, бидејќи претходно беа ангажирани Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни