Поврзете се со нас

Олимписки игри

Зверев со совет до Штруф пред средбата со Ѓоковиќ: Во тој термин може да победи и вонземјани

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ лесно помина во првото коло на Олимписките игри совладувајќи го Иго Делиен од Боливија.

Следен противник на српскиот тенисер ќе биде Жан Ленард Штруф кој е во експедицијата на Германија и кој е близок пријател и соиграч во двојки со далеку попознатиот Александер Зверев.

Интересен разговор се случил токму меѓу Зверев и Штруф откако го добија натпреварот во првото коло во двојки, а тема на истиот бил токму Новак Ѓоковиќ.

Штруф на прес конференцијата посочил дека би сакал натпреварот со Ѓоковиќ да го игра во вечерен термин, а Зверев го прекинал посочувајќи му дека доколку игра со Србинот, подбро би било да игра преку ден.

– Погледни каков скор има во Австралија во вечерните термини, 27-1 или 30-1. Единствено загуби од Вавринка. Во тој термин би добил и вонземјани, – му посочил Зверев на Штруф кој потоа посериозно одговорил на прашање за двобојот со светскиот тенисер број еден во моментов.

– Тоа ќе биде посебен натпревар за мене. Новак моментално е во неверојатна формаи нема да имам шанси ако не одиграм најдобро што знам. Секогаш сум губел од него, но верувам во победа, инаку не би ни играл. Сите сакаат да го „сопнат“ Новак, па така и јас, -изјавил Штруф кој има скор од 0-5 со Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни