Светски првенства
Зидан ја објасни својата „паненка“ против Буфон во финалето на СП: Тоа не беше лудост…….

Зинедин Зидан имаше блескава фудбалска кариера во која ги освои сите најважни трофеи на клупско и репрезентативно ниво, но сепак ја заврши истата на доста драматичен и скандалозен начин, односно со црвен картон во финалето на Светското првенство.
Зизу му удри глава на Матераци и се самоисклучи во финалето против Италија, а 16 години по споменатиот инцидент, легендарниот играч за врска без многу проблеми говори за инцидентот кој остави црна дамка на неговата кариера.
– Не сум горд на тоа што го направив со Матераци, но тоа е историја. Тоа е дел од моето минато и од мојот фудбалки пат, – вели Зидан во интервјуто за „Телефут“ кое е направено по повод неговиот 50-ти роденден.
Зидан ќе ја раситни шестата деценија од животот на 23-ти јуни, но враќајќи се 16 години во минатото, проговори и за „паненка“ пеналот кој го изведе против Буфон во споменатото финале со Италија.
– Пеналот дојде на самиот старт на мечот и беше седмата минута. Во тој момент, си реков дека има уште многу време за поправање на работите. Имав секунда или две да размислам како ќе изведам, а пред мене имав голман кој многу добро ме познаваше и затоа морав да измислам нешто. Тоа е техника, не сметам дека „паненката“ е лудост. Може да се промаши пенал, но во тој момент мислев дека тоа е најдоброто решение, – објаснува Зидан.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Светпред 24 часа
Мајсторија во негов стил: Дончиќ со магична асистенција одново го воодушеви кошаркарскиот свет (ВИДЕО)