Поврзете се со нас

Светски првенства

Жоржињо: Не го гледав СП, едноставно не ме интересираше

Објавено

на

Италија не учествуваше на Светското првенство во Катар, а еден од виновниците за тоа е токму Македонија која ги елиминираше „аѕурите“ во полуфиналниот бараж за овој голем настан.

Ова за Италијанците беше големо разочарување кое едноставно не можат да го преболат и тоа е гледа по изјавите кои во изминатиов период, месеци ги даваат главните актери. Фактот што не беа учесници на Мундијалот дури и ги натера и да заборават на истиот, да не го пратат и најдобар пример за тоа е Жоржињо кој беше искрен и порача:

-Беше многу тешко, особено на почетокот. Не ги гледав натпреварите, ми беше навистина тешко. Се дружев со моето семејство. Гледав само неколку натпревари и тоа беше кога играа моите пријатели, но не го знаев ни точното време за почеток, па не ги гледав сите натпревари, -рече играчот за врска.

-Едноставно не ме интересираше. Само неколку натпревари на крајот ми го привлекоа вниманието, -дополни членот на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни