Европски првенства
Заврши новогодишниот одмор, репрезентативците ја започнаа втората фаза од подготовките за ЕП (Фото)

Ракометните репрезентативци на Македонија ставија крај на краткиот новогодишен одмор и го започнаа вториот дел од подготовките во пресрет на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
Нашата репрезентација натпреварите ќе ги игра во Дебрецин, Унгарија, а првиот натпревар ќе го одигра против Словенија на 13 јануари, за потоа да се сретне со Црна Гора и групната фаза да ја затвори со фаворитот на ова првенство, Данска.
На 3. и 4. јануари се закжани две контролни средби со селекцијата на Израел и истите ќе бидат од затворен тип, а потоа селекцијата ќе замине за Дебрецин.
Согласно протоколите за учество одредени од ЕХФ, сите репрезентативци се вакцинирани против Ковид-19, а во текот на овие подготовки биле извршени и дополнителни тестирања на кои ракометарите биле негативни на вирусот.
Репрезентативците ќе заминат за Дебрецин на 11 јануари, а дотогаш ќе бидат извршени уште три тестирања на 4. 7. и 10. јануари.
-
НБА14 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија11 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
НБА14 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП8 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија4 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..