Поврзете се со нас

Свет

Вујовиќ си пронајде нов клуб: Сега го комплетирав цел регион

Објавено

на

Веселин Вујовиќ беше без ракометен ангажман веќе извесно време, но ова попладне и официјално стана познато дека популарниот Вујо во наредниот период ќе биде тренер на Борац од Бања Лука.

Иако клубот се уште не ја потврди информацијата на социјалните мрежи, медиумите од Босна побрзаа со пренесувањето на информацијата и веќе контактираа со Вујовиќ, кој сепак призна дека во наредните неколку денови ќе биде и официјално промовиран, откако се договорил на соработка до крајот на сезоната, со желба истиот да биде продолжен и во иднина.

– Да, вистина е, нов тренер сум на Борац. Иако сакавме да ја сокриеме информацијата до самиот крај, додека се не биде официјално, очигледно денеска ништо не може да се сокрие од медиумите.

– Договоривме соработка на пет месеци, па ќе видиме што ќе правиме понатаму. Набрзо ќе ги започнеме припремите, ќе видам со што располагам, но со одредени засилувања можеме да ги нападнеме трофеите, – вели Вујовиќ кој за првпат ќе работи во Босна.

– Работев во сите поранешни републики во Југославија, а бидејќи јас сум многу носталгичен, ми недостасуваше уште Босна. Сега го комплетирам цел регион со задоволство, Борац е историски клуб, моја е честа што ќе работам тука, – заврши Вујо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни