Поврзете се со нас

Македонија

Вујовиќ им испрати јасна порака на новите засилувања и староседелците во Вардар: Може да ме сакаат и мразат, но….

Објавено

на

Веселин Вујовиќ како познат повратник во Вардар денеска означи официјален старт на летните подготовки за новата сезона, па уште во својата прва прилика да се обрати пред јавноста, тренерот на најдобриот ракометен колектив испрати јасна порака до играчите и новите засилувања.

Популарниот Вујо имаше брифинг со македонските новинари по одработениот прв тренинг, на кој ја потврди добрата вест која пристигна ова утро, а која вели дека газдата Михајло Михајловски успеал да собере парични средства за да го исплати депозитот во ЕХФ.

Вардар ќе игра во Лигата на шампионите и во новата сезона, а Вујовиќ не криеше дека најелитното европско натпреварување ќе биде приоритет за него и неговите играчи.

– Го имавме првиот собир, како и обично, некои се подобро подготвени, некои играчи полошо. Атмосферата е позитивна и имаме добри услови за работа. Ова е Вардар, ова е македонскиот бренд. Пред сите нас е тешка задача, сите очекуваат да се бориме за трофеи. Играчите кои ги бирав и сите останати, мора да дадеме се од себе. Им порачав на самите играчи, можат да ме сакаат, или да ме мразат, но додека јас сум тренер, мора да ми докажат дека го заслужуваат дресот. Се надевам дека засилувањата кои ги избрав ќе ги оправдаат моите очекувања, – изјави Вујовиќ.

– Пред да стартуваме, претседателот ни ја објасни ситуацијата со ЕХФ околу депозитот. Од информациите кои ги добив, тоа е решено на позитивен начин и сега сите сме помирни кога знаеме дека ќе играме во Лигата на шампиони, – додаде Вујо кој откри дека подготовките на Вардар ќе продолжат на Златибор.

– По почетните тренинзи во Скопје, заминуваме на вистинските подготовки на Златибор. Тука е многу топло и не можеме да тренираме во сала во вакви услови. На Златибор ќе биде многу подобро. После подготовките имаме големи тестови. Суперкупот со Пелистер, струшкиот турнир, а потоа и двомечот со Загрев во СЕХА лигата, – порача тренерот на вардарци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни