Поврзете се со нас

Македонија

Втората трка на Вуков изобилуваше со прекини и возење зад безбедносно возило

Објавено

на

Ристо Вуков вчера ја започна сезоната како учесник во италијанскиот Порше Карера Куп, каде што се најде на деветтото место возејќи претставително и зрело меѓу многу поискусните конкуренти, а денеска го комплетираше вториот настап со финиш на десеттото место.

Согласно пропозициите првите шест возачи во втората трка стартуваа по обратен редослед, но тоа немаше рефлексии на трката на македонскиот пилот кој стартуваше од 10 место изборено во квалификациите. На овој начин, тој се судри со истите противници за позиции од вчерашната трка, односно го остави зад себе Џовани Алтое, а „заглави“ зад Мардини.

Поради две излетувања на послабо пласирани возачи, на патеката два пати беше аплицирано возило за безбедност кое остана по неколку круга и ја уби динамиката на трката. На крајот возилата финишираа во колона на стартно-целната рамнина, а победник беше минатогодишниот шампион Симоне Јакинта. За споредба, вчерашниот победник Алберто Черкуи не само што не успеа да напредува од шестото место, туку заврши на седмото место, што укажува на големата изедначеност на автомобилите и тешките услови за престигнување кои беа реалност за сите учесници на првата трка во Муџело.

Вуков за овој пласман освои нов еден бод, а веќе за следните две трки на 1 и 2 август кои се на програмата во Мисано крај Равена ќе мора да испроба поинаква стратегија во квалификациите, кои очигледно имаат големо влијание во ова натпреварување. Вкупно се предвидени 14 трки сместени во седум гран при викенди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни