Поврзете се со нас

Репрезентација

Воша: Франција е топ фаворит, но ова е фудбал и се е можно

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги започна подготовките за квалификациските предизвици во месец септември, мечевите против Франција и Србија.

Селекторот Драги Канатларовски се соочува со проблеми со составот, Марио Младеновски (Ботев Пловдив), Адриан Хајдари (Рапид Виена) и Димитар Тодоровски (Работнички) поради позитивни тестови на КОВИД-19 ќе бидат надвор од комбинација за овие дуели, а поради повреда средбата во Ле Ман ќе ја скокне и Амел Рустемоски.

Меѓутоа без разлика на сите проблеми нашите фудбалери ќе дадет се од себе за да дојдат до позитивен резултат на дуелот против Франција закажан на 2 септември.

-Започнавме со подготовките, се надевам дека се ќе биде во ред до натпреварот со Франција. На двата тренинзи ги реализираме идеите на новиот селектор, имаме одлична комуникација и се обидуваме да ги оствариме неговите замисли.

-Располагаме со квалитетен тим, се надевам дека ќе ги оствариме поставените цели пред почетокот на овој квалификациски циклус. Фокусирани сме максимално на првиот натпревар и дуелот со селекцијата на Франција. Не очекува тежок меч, но ова е фудбал и сѐ можно. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и се надеваме на позитивен почеток во квалификациите и тешкото гостување во Ле Ман. Франција е топ фаворит во групата и тешко е да се ветува било каков резултат. Имаме право да ветиме дека ќе дадеме максимум од нашите можности и тоа ќе го направиме, -истакна Арби Боша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни