Поврзете се со нас

АТП

Води во меѓусебните дуели: Талентираниот Руне му зема мерка на Ѓоковиќ во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Талентираниот Холгер Руне направи изненадување и го совлада Новак Ѓоковиќ во четвртфиналната рунда на АТП Мастерсот во Рим.

Руне има само 20 години, но веќе е еден од најдобрите на светот и најдобар доказ за тоа е што со денешната победа поведе во меѓусебните дуели против Ѓоковиќ. Данецеот го доби првиот светски рекет на Мастерсот во Париз во 2022 година, па сега има предност од 2-1.

Денешната пресметка во италијанската престолнина беше интересна, дождот донесе прекин, пауза, но имаше услови за да се заврши битката која Холгер ја реализираше со 6-2, 4-6, 6-2 и сега мирно ќе може да го дочека ривалот во полуфиналето кој ќе биде подобриот од Касер Руд и Франциско Серундоло.

Скандинавецот стана првиот играч по Рафаел Надал кој успеал да оствари две победи во низа против Ѓоковиќ, односно е шести играч во овој век кој остварил +6 победи во серија над ривали од Топ 5.

Претходно тоа им успеало на Куертен, Агаси, Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни