Поврзете се со нас

Германија

Виери „знае“ за кој клуб ќе потпише Халанд: Ми кажаа дека е завршена работа

Објавено

на

Ерлинг Халанд е еден од играчите за кого многу ќе се говори во 2022 година, а причината за тоа е потенцијалниот трансфер.

Тој ќе има откупна клаузула (75 милиони евра) која многу клубови ќе можат да ја активираат, па дефинитвно се очекува голема борба за неговиот потпис. Интерес за него има од најголемите гиганти, па затоа ќе биде доста занимливо кој ќе ја обезбеди норвешката гол-машина.

На оваа тема разговараа поранешните италијански репрезентативци Антонио Касано и Кристијан Виери со што овој вториот сподели информација која допрела до него.

-Ми кажаа, бидете внимателни, Баерн сака да го донесе Халанд. Исто така Реал сака да го доведе Левандовски за следните години. За мене има логика, -рече Касано по што се огласи Виери.

-Ми кажаа дека Халанд со 100 процентна сигурност оди во Реал. Тоа ми го кажаа, ама не знам дали е точно, -кажа Виери.

Ако ова е точно и во случај да Реал го обезбеди и Килијан Мбапе, тогаш шпанскиот великан ќе има супер напад во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни