Поврзете се со нас

Свет

Виери го испофали норвешкото чудо од дете: Немам видено таков играч 20-30 години

Објавено

на

Некогашниот легендарен италијански напаѓач и член на најголемите тимови на „чизмата“, Кристијан Виери упати само пофални зборови до офанзивецот кој во моментов го освојува фудбалскиот свет со своите настапи.

Станува збор за 20 годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кој не престанува со постигнување голови на клупско, но и на репрезентативно ниво.

Токму затоа, Виери го испофали играчот потенцирајќи дека нема видено таков напаѓач во последните 20-30 години, одејќи дотаму што посочи дека Халанд бил подобар дури и од Ван Бастен.

– Играв со Адриано кога тој имаше 20 години, но Бразилецот не беше толку силен како Халанд. Немам видено никој во последниве 20-30 години толку добар како Халанд на позицијата напаѓач. Можеби ни Ван Бастен не беше толку добар кога имаше 20 години, -изјави Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни