Поврзете се со нас

АТП

Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години

Објавено

на

Рожер Федерер е еден од најуспешните тенисери во историјата и има убедливо најголема база на фанови ширум светот, а иако вчера наполни 41 година, неговата цел е да се врати на терените и да одигра барем уште една целосна сезона.

Швајцарецот се опоравува од операцијата на коленото и има голема желба да се врати на АТП турот, но по повод неговиот 41-ви роденден, еден од најважните спонзори на магионичарот од Базел објави уникатен рекламен материјал.

Барила во соработка со Федерер направи огромно изненадување за еден голем фан на Федерер, кој во 2017-та година стана и светски познат со прашањето кое му го постави на прес-конференцијата.

Малиот Зизу Ахмед го замоли Федерер да биде активен уште осум или девет години за да може да игра против него, а пет години подоцна, оваа желба му се оствари.

Видео материјалот е навистина уникатен, а оригиналноста на Барила и Федерер направија младото момче да го доживее најубавиот ден во неговиот живот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни