Поврзете се со нас

Евролига

Басконија е последниот патник во плејофот во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/EuroLeague

Кошаркарите на Басконија го грабнаа последниот билет за плејофот во Евролигата и тоа откако излегоа како победници од плејин битката со Виртус Болоња.

Избраниците на Душко Ивановиќ ја искористија предноста на домашниот терен и го добија италијанскиот претставник со 89:77. Првиот дел мина во изедначена битка и на пауза се замина со резултат 41:41, но по одморот Басконија имаше шоу во третиот период кој го реализираше со 31:16 со што создаде клучна предност која во преостанатиот дел ја одбрани и дојде до триумф со кој закажан плејоф соочување со Реал Мадрид.

Хауард имаше свои шоу со 28 поени, Костело додаде 19, додека кај поразените прв стрелец беше Шенгелија со 16 кошеви. Само за потсетување дресот на Басконија го носи поранешниот македонски репрезентативец, Џордан Теодор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни