Поврзете се со нас

Франција

Верати повторно заразен со коронавирусот, ќе ја пропушти битката со Баерн

Објавено

на

Италијанскиот репрезентативец, Марко Верати одново е заразен со коронавирусот, информираше неговиот клуб Пари Сен Жермен.

Последните медицински проверки покажале позитивен тест на КОВИД-19, па сега тој одново ќе мора да биде во изолација додека не се поправи неговата ситуација, односно се исчисти од коронавирусот.

Ова значи дека Марко ќе ги пропушти мечевите против Лил и Стразбур во Лига 1, но и првата средба со Баерн Минхен во ЛШ. Се остава простор тој да се врати за реваншот против „баварците“ кој е закажан за 13 април.

Инаки Италијанецот имаше позитивен тест и во месец јануари, закрепкувањето одеше брзо и тој им се врати на обврските. И покрај сите проблеми, играчот за врска во оваа кампања има одиграно 26 натпревари во сите натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни