Поврзете се со нас

Репрезентација

Василев оптимист пред ЕП: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ќе настапи на Европското првенство „Б“ дивизија, турнир на кој избраниците на Никола Василев ќе се обидат да дојдат до место кое води во елитната конкуренција.

Нашите младинци се дел од групата „А“ во која за противници ги имаат селекциите на Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска што значи имамe ривали кои мораме да ги почитуваме, но и ривали кои можеме да ги добиеме со помош од публиката во Скопје.

-Атмосферата во тимот е одлична, последните денови се работи на хемијата меѓу играчите на теренот, веќе неколку денови се наоѓаме во ‘карантин’ каде ќе го дочекаме стартот на првенството. Можеби можевме и требаше да одиграме уште некој пријателски натпревар во рамките на подготовките, но тоа е. Имавме три подготвителни дуели на кои видовме до каде сме и кои се нашите недостатоци, се соочивме и со повреди на неколку кошаркари, не бевме постојано комплетни, но најважно е што во моментов сите се здрави и подготвени за настап.

-Од она што остана како впечаток досега, мора да играме силна одбрана во текот на сите 40 минути за да бидеме конкурентни на првенството и да ја оствариме целта. Сепак, сметам дека подготвени за она што нè очекува- вели селектор Василев кој сака да одиме чекор по чекор.

-Би сакал да одиме чекор по чекор, во моментов најважно е да ја поминеме групата, па потоа можеме да размислуваме за се, за сите опции. Како конкуренти за највисок пласман ги гледам Чешка, Финска и Шведска, но и ние ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите, -заклучи нашиот предводник.

Пласман во елитата обезбедуваат првопласираните три селекции на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни