Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го декласираше Охрид во првото полувреме и стигна до нова рутинска победа

Објавено

на

Ракометарите на актуелниот македонски првак Вардар изгледаат несопирливо во плејофот во Суперлигата, па како тим кој силно чекори кон титулата, денеска рутински си ја заврши работата против Охрид уште во првото полувреме.

Избраниците на Алушовски сериозно си ја сфатија работата уште од самиот старт и по првите 30 минути игра имаа предност од 23:12, по што беа решени сите дилеми околу тоа кој ќе ја оствари победата.

Вардар стигна до деветти триумф на деветтиот меч во Суперлигата, без оглед на тоа што во вториот дел го забави темпото и му дозволи на Охрид да се избори за подостоен пораз од 37:29.

Ова секако е нов важен чекор на Вардар во походот кон титулата, додека Охрид остана на две победи во плејофот во кој веќе пет меча не знае за победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни