Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ван Дајк: Говорот на Клоп го инспирираше нашиот пресврт

Објавено

на

Вирџин Ван Дајк во неколку наврати го искажа својот очај со фацијални експресии за време на првото полувреме против Вилјареал, но на крајот стоперот на Ливерпул и неговите соиграчи се прикажаа во вистинско светло и го заверија својот билет за финалето во Лигата на шампионите.

Ливерпул се чекираше за финалето во Париз на 28-ми мај и покрај тоа што одигра катастрофално прво полувреме на „Ла Керамика“, а Ван Дајк вели дека многу важна улога одиграл менаџерот Јирген Клоп кој ги кажал вистинските работи на паузата во Шпанија.

– Клоп побара од нас да почнеме да играме фудбал, ни ги кажа вистинските работи. Побара од нас да бидеме вистинскиот Ливерпул, да бидеме тимот кој играше добро цела сезона.

– Беше едноставно, побара од нас да ја земеме топката, да се движиме како и секогаш, но и имаме повеќе спринтови зад нивната дефанзивна линија која беше високо поставена. Побара да ја искористиме нашата брзина и да ги измиксаме работите на средината.

– Говорот беше добра инспорација, бидејќи побара од нас да докажеме дека сакаме да стигнеме до финалето. Во соблекувалната започна се, а потоа излеговме на теренот и издоминиравме во вториот дел, – изјави Ван Дајк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни