Поврзете се со нас

Македонија

Валтер: Горд сум што ќе бидам дел од историски клуб, ќе го вратиме Пелистер каде што му е местото!

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер го избра новиот тренер, наследникот на Жељко Бабиќ кој доаѓа од Данска, а неговото име е Ларс Валтер.

Валтер е 56 годишен стручњак со огромно искуство, па така во досегашното тренерско патување има водено клубови како Флензбург, Висла Плоцк, Порто, Кадетен Шафхаузен, а има освоено титули во Полска, Швајцарија и Романија.

Сетоа ова прави Данецот со големи очекувања да биде пречекан во Битола каде ќе биде претставен пред стартот на подготовките. Тој веќе ја испрати правата порака и вети напорна работа и враќање на Пелистер на местото каде што припаѓа.

-Уште еден нов предизвик. Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола, -порача Валтер кој со македнскиот клуб потпиша двегодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни