Поврзете се со нас

Свет

Валенсија доби нов тренер: Димитријевиќ и компанија ќе бидат водени од шпанска легенда

Објавено

на

Екипата на Валенсија за која настапува нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го именуваше наследникот на Жоан Пенароја кој си замина од клубот и ја презема Басконија.

Нов предводник на „лилјаците“ ќе биде шпанската легенда Алекс Мумбру кој се согласи на договор до 30 јуни 2025 година. Овој тригодишен договор јасно покажува дека Валеснија и Мумбру имаат долгорочни цели, односно сакаат да создадат проект кој ќе биде на здрави нозе и ќе може да се носи со најдобрите во АЦБ лигата.

Инаку Мумбру беше долгодишен шпански репрезентативец и освојуваше медали на ЕП, СП, ОИ и МИ.

Ова за него е прв ангажман надвор од Билбао од 2009 година со оглед на тоа што играше за овој тим до 2018, а потоа веднаш ја заземе тренерската позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни